1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невладини организации поттикнуваат безредија?

Анти Карасава
12 февруари 2020

Во обид да го спречи напливот на бегалци на Лезбос, грчката влада им објави „војна“ на невладините организациии, обвинувајќи ги за поттикнување немири меѓу локалното население и бегалците.

https://p.dw.com/p/3XaB3
Griechenland Proteste von Flüchtlingen auf Lesbos
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/In Time NEws/M. Lagoutaris

Кога ќе падне ноќта светилките светат силно во земјоделското село Мориа. Полициските патроли се во контрола низ полињата, а мажите од Мориа – од тинејџери до повозрасни – патролираат низ селото на смени. "Мораше да дојде до ова“, вели Јоанис Мастројанис, првиот човек на градот. „Си ги бараме нашите животи назад, нашите домови и нашиот имот. Не сакаме повеќе овде да стапне ниту еден бегалец. Тие не уништија."

Околу илјада жители на Мориа неодамна поставија свој контролен пункт и ноќни патроли откако илјада баратели на азил насилно излегоа од соседниот камп за да протестираат против нивна присилна депортација, нечовечки услови за живот и застој во процедурите за азил. По неколку часа судири со полицијата, која мораше да употреби и солзавец, дел од мигрантите се повлекоа назад во кампот на периферијата на Мориа – место кое е преанатрупано и со нехумани услови поради што грчкиот остров Лезбос го доби епитетот дека го има најстрашниот камп за прием на мигранти во Европа.

Тензии меѓу локалното население и мигрантите

Но неколку стотици, претежно млади Авганистанци, се издвоија од толпата, упаднаа во селото Мориа, запалија една ненаселена куќа што резултираше во тензии со локалното население. „Фалеше само искра и ситуацијата да излезе од контрола и да се претвори во целосен судир, " вели Мастројани. „И сѐ уште е така," предупредува тој.

Flüchtlinge im Camp Moria auf Lesbos
Фотографија: DW/A. Carassava

Откако се случија протестите, грчката влада ја засили безбедноста околу Мориа и кампот. Исто така вети дека ќе го промени системот на бегалски кампови, ќе го затвори озлогласениот бегалски камп и наместо тоа ќе отвори нови помали пунктови. Исто така се заложи дека ќе премести околу 20.000 баратели на азил од Лезбос и уште два други острова во Егејското море на грчкото копно. Но се уште нема ништо од овие најави. „Властите постојано ни велат да бидеме трпеливи и да имаме разбирање. Но, што треба да правам навечер?", прашува 75 годишниот Теодорос Каскабас, локален земојделец. „Да си ги затнам ушите, да ги затворам очите, да седнам опуштено и да гледам како ми ја силуваат жената или ќерката? Владата мора да преземе цврсти мерки и не смее да се плаши да дејствува," вели тој.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Протести на Лезбос - „Сакаме слобода, ве молиме помогнете ни“

-Грција се изолира со ограда среде море

-Грција ги става бегалците под надзор

На првата линија на Европа во долготрајната бегалска криза, Лезбос беше клучната порта кон Западот за стотици илјади луѓе кои бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот исток и подалеку. Но и четири години откако во 2016 ЕУ го потпиша договорот со Турција, со цел да се запре огромната миграција, островот останува главна точка за европската долготрајна беалска криза. Уште полошо, според податоците на ОН, бројот на нови нелегални влезови достигна 59,726 во 2019.

Обвинувања против невладини организации

Владата во Атина сега вината ја префрла на невладините организации, обвинувајќи дел од нив дека помагаат во шверц на луѓе и дека ги поттикнуваат мигрантите на побуна.
„Има цела галаксија НВО кои работат рамо до рамо со мрежа на доктори, правници и други лица заработувајќи од мизеријата на тие луѓе," вели Јоргос Кумуцакос, заменик министерот за миграција на Грција. „Тие се сите пијавици и таквата пракса мора да престане. Сето тоа придонесува кон нелегалната миграција."
Според нова регулатива од минатата недела, стотици НВОа ќе се најдат под строг државен надзор и ќе се бара појаснување за нивните мисии, тимови и изворите на финансирање. Се смета дека повеќе од 400 организации низ цела земја имаат мисии поврзани со миграцијата. Според информации на локални медиуми, помалку од 90 се официјално авторизирани, додека пак најмалку 35 хуманитарни работници се сомничат дека помагаат на шверцери на луѓе од Турција.
Локалното население на Лезбос исто така ги обвинува невладините дека од нив изнудуваат лизинг на насади со маслинки и комплекси за домување кои потоа ги издаваат на мигранти и им пружаат бесплатна помош.
„Токму пред некој ден," вели Мастројанис, „една жена од Мориа ми раскажа дека членови на НВО и сезаканувале дека ќе и ги уништат насадите со маслинки ако не им ги даде под наем. Им рекла дека насадите се веќе уништени и поднела жалба до властите." Мастројанис одби да каже за која организација станува збор. 

Lesbos locals unfurl massive Greek flag on the face of a state building in a bid to reclaim their island, hosting some 25,000 refugees
Фотографија: DW/A. Carassava

„Буре барут пред експлозија“  

Од минатото лето, според податоци на владата и ОН, месечниот број на мигранти е пораснат од и 1846 на 10551 лице. Бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат на грчкото приморје го надминува бројот на лица кои се депортираат во Турција. Од почетокот на годината се регистрирани 2795 нелегални пристигнувања по морски пат наспроти 85 присилни враќања во истиот период.
Костас Муцурис кој е регионален гувернер на северен Егеј, од владата побара да прогласи вонредна состојба за островите Лезбос, Хиос и Самос.
„Зовреа фрустрациите на двата фронта - кај локалното население и бегалците," вели Мацурис. „Ситуацијата е исклучително опасна. Ние сме како лонец на пареа кој може во секој момент да експлодира."